ОД НИКОБ ЛАБ НЕ СЕ ШЕГУВААТ Роденденска промотивна цена од 1.000 денари за ПЦР тест од 1 до 7 април

Како што информираа од НИКОБ ЛАБ, тие ја поседуваат најдостапната мрежа во државата со локации во Скопје – База Кисела Вода, Аеродром ТАВ – Скопје и Охрид, погранични локации – Гевгелија, Дојран, Табановце и Струмица, локации во внатрешноста: Велес, Кавадарци, Прилеп и Кочани.

1,266

Во пресрет на нашиот прв роденден промовираме роденденска цена намалена од 1.400 на 1.000 денари со цел уште повеќе да ја доближиме услугата до граѓаните согласно нивните потреби и тоа ние беше приоритет целиот овој период, информираат од НИКОБ ЛАБ.






– Воедно сакаме да се заблагодариме за стекнатата доверба од 213.569 пациенти и направените 298.186 приеми. Благодарение на довербата станавме лидери во тестирањето на ковид-19 со пристапот на најниски цени со докажан квалитет и тоа не направи единствени и достапни во државата со реализирани вкупно 287.780 тестови од кои 134,908 ПЦР ковид-19 тестови и 152.872 брзи антигенски тестови – се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека им претставува чест и задоволство затоа што реализирале 520.000 услуги за граѓаните, а тоа секако ги етаблира како установа која во својата визија го има приоритетот на здравјето на граѓаните.

– Горди сме што во нашето семејство НИКОБ ЛАБ – биохемиска и молекуларна дијагностичка лабораторија имаме 120 вработени, 2 Доктори специјалисти по медицинска биохемија, 4 здравствени соработници – биохемичари, 1 фармацевт, 24 медицински лаборанти, 9 молекуларен биолози, 80 административно-технички персонал од кои 6 возачи и 74 административни работници – велат од компанијата.

Како што информираа од НИКОБ ЛАБ, тие ја поседуваат најдостапната мрежа во државата со локации во Скопје – База Кисела Вода, Аеродром ТАВ – Скопје и Охрид, погранични локации – Гевгелија, Дојран, Табановце и Струмица, локации во внатрешноста: Велес, Кавадарци, Прилеп и Кочани.

– Стратегијата за целата оперативна поставеност е доближување на услугата согласно потребите и барањето на заедницата и граѓаните за навремена и непречена услуга. На располагање на граѓаните за достапност на услугата според место на живеење и според потребите на заедниците ни е овозможено со возен парк од 4 санитетски возила и 7 леки коли – велат од НИКОБ ЛАБ.

Поврзани содржини