🎥 „НОВОГОДИШНА ПООПШТОНАРОДНА“ К-15 ја честитаат Новата 2025 година со преработка на нивната стара песна
Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров, познатото трио од хумористичната емисија „К-15“ снимија песна која ја нарекоа „Новогодишна Поопштонародна“, а е преработка на нивната стара песна „Новогодишна општонародна“.

Тие за новогодишните празници направија ремикс на нивната „Овогодишна општонародна“ песна и со неа ги честитаат престојните празници.
Спотот за „Новогодишна Поопштонародна“ е сниман во студиото на Александар Митевски, кој ја направи новата верзија на оваа заразна песна.
„Другари и другарки, Ви посакуваме среќни празници, многу здравје и љубов, со надеж дека животите ќе ни станат подосадни, а нашите скечеви веќе нема да се толку реални… Благодарност за целата поддршка и љубов низ сите невремиња!“, напишаа тие на официјалната фејсбук-страна на К-15.
Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров годинава слават 30 години од почетокот на легендарното К-15 шоу. Круна на нивниот роденден ќе биде, како што најавуваат, ексклузивен спектакл со оркестар, врвна сценска продукција и незаборавна атмосфера со нивните легендарните скечеви, песни и монолози во живо закажан за 16 мај 2025 година во „Борис Трајковски“.