НЕКОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА УБИСТВО ОД НЕБРЕЖНОСТ ЗА ПОТОНАТАТА ЈАХТА КАЈ СИЦИЛИЈА Бродот бил направен да биде непотоплив
Едно од прашањата е дали екипажот на јахтата ги затворил отворите за пристап до бродот пред да започне бурата.
Се истражуваат можностите за повеќекратно убиство од небрежност при потонувањето на јахтата „Бајезијан“ на Сицилија, пишува „Гардијан“ повикувајќи се на извештај на италијанската новинска агенција Андкронос. Според агенцијата јавниот обвинител на градот Термини Имерезе ги истражува и обвиненијата за бродолом и катастрофа.
Обвинението за убиство со небрежност во правниот систем во Италија е слично со убиство од небрежност во Велика Британија и конкретното обвинение за провоцирање или предизвикување бродолом може да донесе затворска казна до 12 години.
Мистерија го обвива потонувањето на јахтата додека денеска беше пронајдено и последното, шесто тело од екипажот кој остана заробен внатре. Се работи за Хана, ќерката на британскиот техномилијардер Мајк Линч која имаше 18 години. Линч(59), кој е основач на корпорацијата Автономи, на јахтата го прославувал скорешното ослободување од обвиненија и потенцијален долгогодишен затвор.
Според италијанската новинска агенција, стражителите верувале дека бродот прво потонал, а потоа полека се превртел на десната страна. Аднкронос рече дека извори од властите вклучени во операциите за опоравување рекле дека жртвите биле пронајдени надвор од нивните кабини.
„Патниците бараа патишта за бегство, стигнувајќи до спротивната страна на бродот во кој се наоѓаа“, објави италијанската агенција.
„Но, водата веќе стигна до кабините и пет од нив беа пронајдени во тој правец“.
Се верува дека бродот бил погоден од надводно торнадо, инаку познато како воден излив, поради што потонал „Бајезијан“. Постојат одделни извештаи за кршење на јарболот на бродот за време на бурата, како и за влез на вода преку отворите и вратите на палубата.
Едно од прашањата е дали екипажот на јахтата ги затворил отворите за пристап до бродот пред да започне бурата.
– Едриличарските бродови се познати како најбезбедни бродови, бидејќи нивната структура ги прави непотопливи тела. Овој инцидент звучи како неверојатна приказна – рече Константино.
Јахтата „Бајезијан“ потона во понеделникот во 5 часот по локално време. Петнаесетмина од вкупно 22 лица на бродот се спасија, додека шестмина останаа заробени и потонаа.
Според извори меѓу пожарникарите, нуркачите почнале и со увид на морското дно околу потонатиот брод. Винченцо Загарола, од италијанската крајбрежна стража, рече дека потрагата по Хана не била „лесна или брза“, споредувајќи ја потонатата јахта со „18-катница полна со вода“.
Карло Дал’Опио, националниот шеф на италијанските пожарникари кои пристигнаа во Портичело во четвртокот, изјави за Гардијан дека потрагата по Хана била „комплицирана поради мебелот што го попречувал преминот“.
Петте други загинати во потонувањето беа газдата на Морган Стенли Интернационал, Џонатан Блумер, неговата сопруга Џуди Блумер, адвокатка на Клифорд Ченс, Крис Морвило и неговата сопруга Неда Морвиљо и готвачот на јахтата, Рекалдо Томас.