НЕДОСТИГОТ НА ЧИПОВИ ГО ЗАГРОЗУВА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ФИАТ Стелантис најави прекини на производство во фабриките во Италија и во Франција

Прекините би можеле да влијаат и на фабриките на „Стелантис“ во Италија кои произведуваат делови за мотори, вклучувајќи ја и фабриката во Термоли која го произведува моторот N3 GSE. Токму таков тип мотор е инсталиран и во „панда“ и во моделот 500.

0

Автомобилски гигант „Стелантис“ најави прекини во производството на некои модели на „фиат“ во Италија поради недостаток на клучна електронска компонента за контролната единица на моторот, предупредувајќи дека проблемите би можеле да траат до крајот на годината.

Според „Стелантис“, недостатокот на чипови од еден од добавувачите имал негативно влијание врз продажбата на автомобили во октомври, особено на „фиат панда“, кој е еден од најпопуларните модели на таа марка.






– Стелантис и „фиат“ поставуваат највисок приоритет на наоѓање алтернативни решенија и постепено воспоставување на нормално работење – информира групацијата.

Недостатокот на компоненти би можел да доведе до дополнителни тешкотии во ноември и декември, вклучително и прекини на производството во фабриката во Помиљано каде што се произведува „панда“ и во фабриката во Мирафиори каде што се произведува „фиат 500“.

Прекините би можеле да влијаат и на фабриките на „Стелантис“ во Италија кои произведуваат делови за мотори, вклучувајќи ја и фабриката во Термоли која го произведува моторот N3 GSE. Токму таков тип мотор е инсталиран и во „панда“ и во моделот 500.

Производството во фабриката Мирафиори во Торино веќе беше прекинато кон средината на октомври, во траење од три недели, поради недостаток на делови за моторите на хибридните модели. Синдикатите ја наведуваат слабата побарувачка за „фиат 500“ како една од причините за прекинот на работата.

На крајот на септември, „Стелантис“ објави дека го прекинува производството во три француски фабрики најмалку една недела, делумно поради недостаток на батерии за електрични возила.

Стелантис набавува батерии што овозможуваат подолги интервали на полнење од Automotive Cells Co (ACC), која ја основа со Mercedes и TotalEnergies.

Поврзани содржини