НАРОДНА БАНКА НЕ ЈА СМЕНИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА Останува 5,35%

На седницата на која се разгледани најновите податоци за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари, е оценето  дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, кои и натаму постојат и се нагласени. 

243

Основната каматна останува на нивото од 5,35%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена на нивоата од 3,95 % и од 4%, одлучи Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка.

Непроменета е и понудата на благајничките записи на редовната аукција и изнесува 10 милијарди денари.






На седницата на која се разгледани најновите податоци за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари, е оценето  дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, кои и натаму постојат и се нагласени.

– Ризиците поврзани со надворешното окружување и натаму постојат и добиваат на интензитет, додека внимателно се следат и домашните фактори коишто можат да влијаат врз побарувачката и ценовната динамика во наредниот период – велат од НБ.

Просечната инфлација во периодот јануари − февруари 2025 година изнесува 5%,и според Банката, е умерен во однос на истиот период од минатата година, но цените на храната и енергетската компонента и натаму имаат значително влијание врз месечната инфлациска динамика.

– Од друга страна, базичната инфлација останува релативно стабилна, а во февруари е забележано и одредено забавување – велат од  Централната банка.

Банка оценува и дека девизниот пазар е стабилен, а девизните резерви на крајот на февруари изнесуваат 4,86 милијарди евра, што е доволно за одржување на стабилноста на курсот на денарот.

Економскиот раст во последниот квартал на 2024 година достигна 3,2%, а за целата година просечниот раст беше 2,8%, што е над очекувањата.

 

Поврзани содржини