ПОЕВТИНИ ДИЗЕЛОТ, ЌЕ ЧИНИ 100 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР Бензинот поскапе минимално

Кај дизелот има поевтинување  за 4,5 денари, а кај бензинот поскапување за 1 денар, во споредба со цените од минатата седмица.

0

Новите цени на горивата од ноќеска на полноќ носат поевтини горива за 1,06% во однос на одлуката од 21.9.2026 година, односно дизелот ќе се продава по цена од 100 денари за литар, а стотка ќе биде и бензинот. Кај дизелот има поевтинување  за 4,5 денари, а кај бензинот поскапување за 1 денар.

Според најновите цени, од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 100 денари, а БС-98 по 102 денар за литар.






Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе чини 100 денари за литар.

Екстра лесното масло за горење ќе се продава по 111,5 денари за литар, а мазутот М-1 НС за 49,882 денари за килограм.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,049%, кај дизелот има намалување за 6,734%, кај екстра лесното масло, исто, има намалување и тоа за 4,936% и кај мазутот намалувањето е за 1,630%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9522%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В)“, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од РКЕ напоменуваат дека трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените и пониско од највисоките утврдени цени.

Поврзани содржини