7.000 МЛАДИ КРАПОВИ ПУШТЕНИ ВО ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО Се засилуваат и контролите за спречување рибокрадци

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика" од Неготино, за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство.

1

Еден тон подмладок од крап денес е пуштен во водите на Преспанското Езеро, со што рибниот фонд е дополнет со околу 7.000 млади единки добиени од икра на матици од самото езеро.

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика” од Неготино, за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.






– Со денешното порибување ја поддржуваме обновата на локалната популација на крап. Ќе продолжиме и во иднина да вложуваме во рибниот фонд и да го штитиме, на тој начин исполнувајќи ја нашата обврска за зачувување на биодиверзитетот на Преспанското Езеро – изјави министерот за земјодлество Борче Серафимовски.

Инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство го следеа порибувањето, вршејќи контрола на вкупната тежина на подмладокот и бројот на единките пуштени во езерото.

-Ќе ги засилиме контролите на Преспанското Езеро и ќе ја продолжиме соработката со риболовните здруженија за заштита на рибниот фонд преку навремено откривање и спречување на незаконскиот риболов –  нагласува директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски.

Поврзани содржини