📷 НАПИШАЛ ЗАКАНИ, ЦРТАЛ СВАСТИКИ, ГИ ДЕМОЛИРАЛ ТОАЛЕТИТЕ… Директорот очекува брзо да ја санираат штетата по вандализмот во училиштето „Ванчо Прке“ во Штип

864

Ги демолирал тоалетите, цртал свастики и пениси по ѕидовите, искршил повеќе компјутери, напишал закани и ги пуштил сите чешми да тешат – непознат маскиран сторител ноќеска го вандализирал основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип при што предизвикал голема материјална штета.

Ги испркал камерите со спреј за да не биде снимен.

Фото: Принтскрин

 

Според локалните медиуми, тој во објектот се движел со долг нож.

Учениците утрово беа ослободени од наставата, а родителите во Штип се возменирени.

Фото: Принтскрин

 

Директорот Кокан Радев во изјава за медиумите рече дека вандалот влегол во училиштето преку фискултурната сала. Тој додаде дека најмногу се оштетени кабнетите од предметната настава.

 

Фото: Принтскрин

 

– Имаме три слободни дена пред нас и се надеваме дека ќе го оспособиме училиштето за настава од понеделник – рече директорот Радев.

 

Фото: Принтскрин

 

Полицијата два часа вршеше увид во објектот.

„На 30.4.2026 година, во 6:18 часот, во СВР Штип е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот (монитори) и испишало графит со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти  полицијата.

 

ИСКРШЕНИ СМАРТ ТАБЛИ И ВРАТИ, СО СПРЕЈ УНИШТЕНИ ЅИДОВИ Голема штета во основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип

Поврзани содржини