ГО КАСНАЛА ЗМИЈА НА ШОУ ЗА ТУРИСТИ И УМРЕЛ Германец трагично го заврши животот во Хургада, Египет

Инцидентот се случил кога тричленото семејство присуствувало на шоу со „скротувач на змии“, кое било дел од редовната хотелска забава.

201

Германски турист (57) трагично го загуби животот откако беше каснат од змија за време на забавна програма во хотелот каде што престојувал со своето семејство во познатото египетско летувалиште Хургада на Црвеното Море.

Според полицискиот извештај од Баварија, инцидентот се случил кога тричленото семејство присуствувало на шоу со „скротувач на змии“, кое било дел од редовната хотелска забава. Точката вклучувала две змии, за кои се претпоставува дека биле кобри, кои скротувачот дури им ги ставал и околу вратот на луѓето од публиката. Смртоносниот инцидент се случил кога една од змиите успеала да влезе во облеката на германскиот турист.

„Една од змиите влегла во панталоните на 57-годишниот маж, по што го каснала за ногата. Тој веднаш покажал јасни симптоми на труење и била потребна реанимација“, се наведува во соопштението на германската полиција. Иако човекот веднаш бил пренесен во најблиската болница, тој подоцна починал од последиците на отровот.

Криминалистичката полиција во германскиот град Меминген веќе покрена официјална истрага за околностите под кои настапила смртта на туристот, а во моментов се чекаат резултатите од токсиколошката анализа.

Поврзани содржини