НА ПАТОТ ТЕТОВО – ПОПОВА ШАПКА МОЖАТ ДА СЕ ДВИЖАТ И КАМИОНИ На одредени места сообраќајот се одвива по влажни коловози

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

70

На патниот правец Тетово – Попова Шапка е укинува забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила не е веќе задолжителна  употреба на зимска опрема (синџири), информира Авто мото сојузот (АМСМ).

 Сообраќајот на патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.






На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Поврзани содржини