ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ НАД НАСЕЛБАТА БАРАКИ ВО ОХРИД Пожарникарите беа побрзи од силниот ветер

Поради силината на ветерот имаше реална опасност пожарот да пристигне до поблиските објекти.

0

Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица, но и со поддршка на локалното население и доброволци, успешно беше локализиран и изгаснат пожарот што вчера попладнето избувна на падините на планината Петрино, над населбата „Бараки“ во Охрид.

Како што се посочува во соопштението од ТППЕ – Охрид, веднаш по појавата на пламенот од единицата било интервенирано со четири возила и 17 пожарникари.






Со пламен била зафатен отворен простор со сува трева и деградирана борова шума.

„Поради силината на ветерот имаше реална опасност пожарот да пристигне до поблиските објекти, меѓутоа благодарение на нашите пожарникари, месното население и останати доброволци, беа избегнати поголеми материјални штети“, се посочува во соопштението.

Причините за избувнувањето на пламенот не се познати, но околностите укажуваат дека се работи за човечки фактор.

Од ТППЕ – Охрид се упатува апел до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно, а до надлежните институции да преземат мерки за пронаоѓање и санкционирање на предизвикувачите на пожари на отворено.

📽️ ОХРИД НА НОЗЕ ПОРАДИ ПОЖАР НА ПЕТРИНО Огнот стигнал до првите куќи, мештаните и пожарникарите спречија катастрофа

Поврзани содржини