📽️ ВНИМАНИЕ ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ГРЦИЈА Казна од 250 евра за користење СУП-даска без елек
Туристи на грчкиот остров Лимнос добија казни од 250 евра бидејќи користеле СУП-даска без задолжителен елек за спасување. Надлежните потсетуваат дека правилата важат за сите посетители, без разлика дали се запознаени со нив.
Македонските туристи кои ова лето ќе одмораат во Грција треба да бидат внимателни со правилата за рекреација на море, особено при користење СУП-даски. На грчкиот остров Лимнос, туристи биле казнети со 250 евра бидејќи управувале со СУП-даска без елек за спасување.
Според нивните изјави, тие не знаеле дека носењето елек е задолжително, а посочиле и дека претходно не биле предупредени за правилото.
Сепак, грчките прописи предвидуваат задолжително користење заштитна опрема при ваков вид водена активност, а непознавањето на правилата не ги ослободува туристите од одговорност.
СУП-даските (Stand Up Paddle) во последните години стануваат сè попопуларни и меѓу македонските туристи кои летуваат на грчкото крајбрежје, но пред нивното користење треба да се знаат ограничувањата што ги поставуваат грчките власти.
Правила за користење СУП-даска во Грција:
– Користењето СУП-даска е забрането за лица помлади од 14 години, како и за лица кои не знаат да пливаат.
– Пловењето е дозволено само во текот на денот.
– Даската смее да се користи на растојание до 500 метри од брегот.
– Рекреацијата е дозволена само при поволни временски услови.
– На една СУП-даска може да има само едно лице.
– Носењето елек за спасување е задолжително.
– Корисниците мора да внимаваат да не ги загрозуваат капачите и другите учесници во водата.
Надлежните апелираат туристите пред да користат реквизити на вода да се информираат за локалните правила, бидејќи непочитувањето може да резултира не само со парични казни, туку и со ризик по сопствената безбедност.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!