МБАПЕ БРУТАЛНО ИСКРЕН ЗА ЛОШАТА ИГРА НА ФРАНЦИЈА Требаше да играме еден на еден, Шпанците беа тактични

Француската ѕвезда призна дека Шпанија целосно го наметнала својот ритам, а „триколорите“ не успеале да го спроведат планот што го подготвиле за полуфиналето.

328

Француската ѕвезда призна дека Шпанија целосно го наметнала својот ритам, а „триколорите“ не успеале да го спроведат планот што го подготвиле за полуфиналето.

Килијан Мбапе не бараше изговори по елиминацијата од Шпанија. Напротив, капитенот на Франција даде една од најискрените анализи по поразот од 2:0 и призна дека неговиот тим бил тактички и технички надигран.






Според него, Французите уште од стартот му дозволиле на противникот да го наметне темпото на игра.

– Не го одигравме натпреварот онака како што сакавме, ниту тактички ниту технички. Шпанија се држеше до својот план и остана верна на својот стил. Тие сакаат да ја контролираат топката и ритамот, а ние не успеавме да ги спречиме во тоа – изјави Мбапе.

Францускиот напаѓач смета дека клучната битка била изгубена во средниот ред.

– Имаше премногу технички недостатоци. Им дозволивме да ја диктираат играта. Кога ги притискавме, постојано беа побројни во средината. Против Шпанија тоа е смртна пресуда – рече тој.

„Требаше да играме еден на еден“

Мбапе смета дека Франција требало да преземе поголем ризик и да ја принуди Шпанија да игра во ситуација што не ѝ одговара.

– Требаше да играме еден на еден и да ги натераме тие да нè бркаат. Овој тим не сака да трча без топка. Но нашите додавања и први допири едноставно не беа на нивото што го бара едно полуфинале на Светско првенство – анализираше капитенот на Франција.

Тој посебно ги издвојува Фабијан Руиз и Родри, кои, според него, добиле премногу простор за организација на играта.

– Фабијан и Родри имаа премногу време за додавања. Кога ќе им го дозволите тоа, многу тешко можете да ја запрете Шпанија – додаде Мбапе.

Прв пораз по 90 минути на Мундијал

Поразот од Шпанија има и дополнителна тежина за француската ѕвезда. Тоа е негов прв пораз по регуларни 90 минути на натпревар од Светско првенство.

Мбапе не го криеше разочарувањето по завршувањето на мечот.

– Како и сите други, разочаран сум. Сонувавме за финале и сакавме да ѝ дадеме причина на Франција да сонува. Тешко е да се најдат вистинските зборови. Ќе морам да го преболам ова, да одам на одмор и повторно да почнам од почеток – изјави тој.

На Дешамп судијата му е крив

Франција во полуфиналето пристигна како една од најефикасните селекции на турнирот со 16 постигнати голови. Сепак, против Шпанија не успеа да го наметне својот стил, а поразот од 2:0 стави крај на мундијалскиот сон на „триколорите“.

Во претходните реакции по натпреварот, селекторот Дидие Дешамп го критикуваше судењето и спорниот пенал за Шпанија, но истовремено призна дека неговиот тим бил надигран. Мбапе отиде чекор подалеку и вината ја побара исклучиво во играта на Франција.

Во француската јавност не стивнаа реакциите за моментот кога Јамал со дел од раката ја допре топката пред пеналот за Шпанија.

Поврзани содржини