БУРА ПРЕД ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ Невремето може да го одложи мечот за светската титула

ФИФА стравува од неповолни временски услови за големото финале во Њујорк. Натпреварот треба да се игра на отворен стадион со капацитет од 82.500 гледачи.

0

Финалето на Светското првенство во фудбал 2026 година може да биде одложено поради најавите за неповолни временски услови во Њујорк и Њу Џерси, каде што во недела, 19 јули, треба да се одигра најголемиот фудбалски спектакл.

Натпреварот е закажан за 21 часот на стадионот во Њу Џерси, кој има капацитет од 82.500 седишта, но објектот нема кровна конструкција, што дополнително ја зголемува загриженоста кај организаторите.






Според временските прогнози, во периодот на одигрување на финалето се очекуваат температури околу 28 степени Целзиусови, но и можност за грмотевици. Токму ризикот од невреме може да предизвика промена на плановите доколку безбедноста на фудбалерите, навивачите и официјалните лица биде загрозена.

Првиот финалист на Мундијалот е репрезентацијата на Шпанија, додека вториот патник во големото финале ќе биде познат по полуфиналниот дуел меѓу Англија и Аргентина.

Евентуалното одложување на финалето би претставувало сериозен организациски и финансиски предизвик за ФИФА, имајќи предвид дека станува збор за најгледаниот спортски настан во светот, со огромен број навивачи, медиуми и комерцијални партнери.

Организаторите во следните денови внимателно ќе ги следат временските услови и ќе донесат одлука доколку постои ризик натпреварот да не може да се одигра во предвидениот термин.

Поврзани содржини