НАЈОСТРА ОСУДА ОД ПЕНДАРОВСКИ ЗА НАСИЛНИЧКОТО ОДНЕСУВАЊЕ ВО М-НАВ Ничиј интерес не смее да биде над правото, се вели во реакцијата

Пендаровски ја поддржува иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-НАВ кои се директно одговорни за настанатата состојба во институцијата, а чија работа е од суштинско значење за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај.

161

Претседателот Стево Пендаровски одлучно го осудува насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа инстутиција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории –  се вели во реакцијата од Кабинетото на претседателот на државата.

„Истовремено ја поддржува иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-НАВ кои се директно одговорни за настанатата состојба во институцијата, а чија работа е од суштинско значење за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај.






МВР, исто така, има целосна поддршка од претседателот Пендаровски во најкус можен рок да ги расчисти настаните кои се случија во М-НАВ, а имајќи предвид дека истите се случија во објект кој е дел од критичната инфраструктура во државата при квалификацијата на притивправните дејствија треба да се земе в предвид потенцијалното загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.

Претседателот Пендаровски, уште еднаш, нагласува дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите“ – се вели во соопштението од кабинетот на пратседателот.

 

Поврзани содржини