МВР ПРИВЕДЕ 15 ВОЗАЧИ Петмина од нив се малолетници и возеле без дозвола

Полициските контроли биле спроведени низ целата држава, а сите приведени управувале возило без возачка дозвола.

32

Петнаесет лица, меѓу кои и пет малолетници, биле приведени во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициските акции биле спроведени на целата територија на државата, а против сите приведени ќе бидат преземени мерки поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик.






Според информациите од МВР, сите 15 лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, а петмина од нив се малолетници.

Поврзани содржини