📽️ МОЖЕШЕ ДА ГО РАЗНЕСЕ ЦЕЛО КОЧАНИ Пронајден нелегален подземен 10-тонски нафтен склад на 50 метри од „Пулс“
Локалното население уверува дека таму имало најмалку 10 тони гориво, што, доколку пожарот се проширел, ќе предизвикало разорна експлозија со катастрофални последици.
Страшна вистина излегува на површина по катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани – трагедијата можела да биде уште поголема, целиот град можел да биде разнесен.
Според тврдењата на кочанчани, сопственикот на дискотеката, кој веќе е уапсен, под земја на околу 50 метри од објектот криел огромен резервоар со нафта. Локалното население уверува дека таму имало најмалку 10 тони гориво, што, доколку пожарот се проширел, ќе предизвикало разорна експлозија со катастрофални последици.
„Само по среќа не се крена во воздух цело Кочани“, велат очевидците кои го покажаа местото на наводно нелегално складиштеното гориво.
Оваа информација ја потврдуваат и надлежните, од каде што за медиумите изјавија.
„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“.
Оваа вест во јавноста ја објави српски Информер кој има направено снимка од резервоарот и имаат остварено разговор со локалното население.
Во меѓувреме, револтот на граѓаните расте. Разгорени од бес, тие изминативе денови ги уништија и другиот угостителски објект во сопственост на уапсениот газда на Пулс. Во исто време, семејствата на загинатите и нивните пријатели секојдневно се на улица, барајќи одговорност и правда за нивните најблиски.