МОЖЕБИ НАВИВАА ЗА СРБИЈА ЗАТОА ШТО СМЕ МАЛA ЗЕМЈА Јокиќ откри кој пораз му бил најтежок
Не сум сигурен дали тоа беше затоа што сакаа САД да загуби или затоа што посакуваа ние да победиме, рече српскиот кошаркар на прес-конференцијата пред Ол-стар натпреварот во НБА.
Српскиот кошаркар Никола ЈокиќЈокиќ искрено изјави дека за него најболен пораз е оној кој Србија го претрпе од репрезентацијата на САД на Олимписките игри со резултат од 91-95.
– Секогаш велам дека тоа е најтешкиот пораз што сум го доживеал. Натпреварот беше многу возбудлив, а имав чувство дека публиката навиваше за нас бидејќи сме мала земја. Не сум сигурен дали тоа беше затоа што сакаа САД да загуби или затоа што посакуваа ние да победиме – рече Јокиќ на прес-конференцијата пред Ол-стар натпреварот во НБА.