МНТ НУДИ СМЕСТУВАЊЕ ЗА РОДНИНИТЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ Откажани се сите претстави до 22 март

Средствата од купените онлајн билети ќе бидат рефундирани системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12 часот.

201

Македонскиот народен театар ги отвора вратите во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани.

Семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите.






Поради трагедијата сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од 17 до 22 март 2025 година ќе бидат откажани, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства.

Средствата од купените онлајн билети ќе бидат рефундирани системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12 часот.

 

Поврзани содржини