ММФЕ ПРЕДВИДУВА МАКЕДОНИЈА ДО 2031 ГОДИНА ДА ЗАБЕЛЕЖИ СЕДМИ РАСТ ВО ЕВРОПА Се очекува македонската економија да расте со просечна стапка од 3%

Малта е на првата позиција според предвидениот раст од 3.96, а во првите 5 се најдоа и Косово со просечна стапка на раст од 4% , Украина (3,8), Србија (3,52%) и Молдавија (3,7%). Албанија е шеста (3,19%), а зад нас од регионот се Црна Гора и Босна и Херцеговина.

0

Според последната прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за раст на европската економија до 2031, Македонија се најде на седмото место, пишува Euronews..






Со просечен раст од над 3% во периодот од 2027-та до 2031-та Македонија e, далеку над растот што ќе го постигне економијата на Еврпската Унија и повеќето економии од состав на Унијата. Прогнозата за Германија на пример е 0,92%.

 

Анализата покажува дека помалите економии ќе забележат повисок раст од поголемиот дел од членките на ЕУ, а изненадува и тоа што Украина иако погодена од војна ќе има двојно повисок  раст од Унијата.

Малта, според според предвидениот раст од 3.96, е прва на скалата, а во првите 5 се најдоа и Косово со просечна стапка на раст од 4% , Украина (3,8), Србија (3,52%) и Молдавија (3,7%). Албанија е шеста (3,19%), а зад Македонија во првите 10 на табелата се Кипар, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Според прогнозата на ММФ, се очекува високиот јавен долг, стареењето на населението, слабата продуктивност, долготрајните трошоци за енергија и постојаната геополитичка неизвесност да го одржат растот на водечките земји во Европа далеку под историските норми во остатокот од деценијата.

Според најновите светски економски перспективи на ММФ, се предвидува дека еврозоната ќе бележи раст од  1,2% годишно во просек помеѓу 2027 и 2031 година, при што нејзината најсилна година, 2028 година, ќе достигне само 1,4%.

Пошироката Европска Унија се справува малку подобро со 1,4% годишно, повторно достигнувајќи врв во 2028 година од 1,6%.

Се предвидува дека глобалното производство да расте за околу 3,2% годишно во истиот период. Се очекува Азија во развој да се прошири за 4,6% годишно, а Индија за 6,5%, додека дури и подсахарска Африка е на добар пат да порасне за 4,6%. Сепак, се предвидува дека група многу помали европски нации, кои се протегаат од Медитеранот до Западен Балкан и Источна Европа, ќе се прошират со повеќе од двојно побрзо темпо од еврозоната во следните пет години, анализира Euronws.

Поврзани содржини