МИНИМАЛЕЦОТ ВО ПОШТА ЗГОЛЕМЕН НА 24.400 ДЕНАРИ Потпишан договор со синдикатот
Станува збор за зголемување од 1.800 денари, согласно одлуката на Владата.
Зголемена е минималната плата на вработените во Пошта на Северна Македонија на 24.400 денари.
Под раководство на директорот Орхан Куртиши е потпишан договор со синдикалните претставници за зголемување на минималната плата на 24.400 денари, односно за зголемување за 1.800 денари, согласно одлуката на Владата.
„Ова е само почеток на серијата одлуки насочени кон радикална трансформација на јавниот сектор и животниот стандард на сите граѓани. Зголемувањата ќе продолжат постепено и во наредните месеци, согласно среднорочниот план на Владата за одржлив економски развој. Со решеност да се врати достоинството на работниците, беше направен важен чекор за подобрување на условите за работа на вработените во Пошта на Северна Македонија“, се наведува во соопштението од Вреди.