МЕСТЕЛ НАТПРЕВАР НА НИЦА, БИЛ УАПСЕН ВО МАРСЕЈ, НО СЕПАК ИГРА НА СВЕТСКО!? Скандал со репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска
Ели Вахи е под истрага под сомнение за намерно добивање жолт картон за време на натпреварот Ница-Мец на 17 мај во француската Лига 1.
На Светското првенство во САД изби скандал, откако се дозна дека еден од играчите на репрезенатацијата на Брегот на Слоновата Коска, кој игра за францускиот клуб Ница, бил уапсен непосредно пред Светското првенство, под сомнение за вмешаност во местење натпревари и против него се води постапка.
Напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска, Ели Вахи бил уапсен на 29 мај, но овој скандал бил прикриен околу 10 дена, па тој отпатува со националниот тим во САД и играше во првиот натпревар на Брегот на Слоновата Коска против Еквадор, каде што неговата репрезентација победи со 1:0.
Според Атлетик, тој е под истрага под сомнение за намерно добивање жолт картон за време на натпреварот Ница-Мец на 17 мај во француската Лига 1. Ваи доби жолт картон во 35 минута од контроверзниот натпревар за фаул врз дефанзивецот на Мец, Садибу Сане.
Ваи бил уапсен кратко по натпреварот Ница-Сент Етјен, бил сослушан и ослободен, но истрагата против него продолжува.
Портпаролот на канцеларијата на јавниот обвинител на Марсеј потврди дека Ели Ваи бил уапсен како дел од истрагата за организирана измама, спортска корупција, прикривање на приходи од криминал и перење пари.