🎥📷МЕЛОНИ ИСПРАЌА ВОЈНИЦИ ДА ГО ОДБРАНАТ МИЛАНО Силен одговор на насилните демонстрации, се поголем број уапсени, им се подготвува и подолг затвор
Италијанската премиерка размислува за продолжување на превентивниот притвор за малолетници и справување со малолетнички банди како дел од планираните мерки. Се разгледува и претходното воведување на одредени одредби од постојниот закон за безбедност, кој моментално е во парламентарна процедура.
Италијанската влада испраќа дополнителни 500 војници за „одбрана на Милано“ по дводневните немири во кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбија продавници и уништија имот, изјави вицепремиерот Матео Салвини.
Се очекува распоредувањето на војниците да биде дел од пакетот безбедносни мерки за кои владата треба да одлучи на денешната седница.
„Од зборови на дела: уште 500 војници за да го одбранат Милано“, напиша на социјалните мрежи Салвини, лидерот на десничарската партија Лига, која е дел од владејачката коалиција.
Повеќето продавници во луксузниот трговски кварт Виа Монтенаполеоне во Милано, каде што се наоѓаат брендови како Шанел, Тифани и Диор, ја отстранија стоката од своите прозорци како мерка на претпазливост.
Police in Milan clashed on Sunday with protesters throwing stones and looting shops during demonstrations against poor services and the rising cost of living, a day after similar unrest in several Italian cities. https://t.co/irD14xzrfk
— ABC News (@ABC) October 20, 2026
Неколку стотици демонстранти со качулки, од кои многу се верува дека се малолетници, запалија контејнери за ѓубре и ограбија продавници во центарот на градот во текот на викендот. Немирите избувнаа по протестот одржан во саботата, кој првично беше мирен, а учесниците сакаа да предупредат за лошите јавни услуги и растечките трошоци за живот.
Меѓу ограбените продавници беа спортските синџири Декатлон и Арк’терикс и филијалите на телекомуникацискиот оператор Водафон, покажаа телевизиските снимки. Модните брендови Левис и Андер Армор и Декатлон ги покрија своите прозорци со картон и дрвени штици.
Италијанската премиерка Џорџија Мелони, која се соочува со национални избори следната година, го осуди насилството и вчера одржа состанок со министрите и шефовите на безбедносните сили за да разговараат за ситуацијата.
„Владата решително ќе одговори на овие напади врз државата, вклучително и мерки насочени кон сузбивање на малолетничкото насилство“, напиша на социјалната мрежа X министерот за надворешни работи Антонио Тајани, кој, како и Салвини, е и заменик-премиер.
Според „Кориере дела Сера“, Мелони размислува за продолжување на превентивниот притвор за малолетници и справување со малолетнички банди како дел од планираните мерки. Се разгледува и претходното воведување на одредени одредби од постојниот закон за безбедност, кој моментално е во парламентарна процедура.
Protests over rising cost of living and poor public services have turned violent in Milan, with police firing tear gas and water cannon. https://t.co/mDWHO4fpoL
— Channel 4 News (@Channel4News) October 19, 2026
Италијанската полиција објави дека привела 271 младо лице за време на немирите во Милано во недела. На немирите им претходеа судири во саботата во други градови во северна Италија, вклучувајќи ги Болоња, Бреша, Бергамо и Торино. Според полицискиот извештај објавен во неделата, 28 демонстранти биле уапсени во Торино.
