МАСОВНОСТА ПОД ОЧЕКУВАЊАТА, НО ЗАТОА СЕ СКАНДИРАШЕ „УБИЈЦИ“ И „УА ПРОФИТЕРИ“ Демонстрантите порачаа дека „системот е следен“
Претходно, собирот на Филозофскиот факултет наречен „студенски пленум“ доживеа фијаско. Студентите јасно се оградија од намерите за злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели.
Со далеку помала масовност од најавуваната, но со жестоки скандирања „убијци“, „уа профитери“ и „ние сме системот“, пред Владата се одржа протестен собир на граѓани по трагедијата во Кочани.
По 16-минутниот молк за 59-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ минатата недела, учесниците на протестот побараа транспарентна истрага и одговорност за трагедијата.
Според независни извори, на протестот во понеделникот вечер учествувале околу 3.000 граѓани, додека опозициските медиуми се пофалија дека биле над 10.000.
Протестот започна на плоштадот Македонија, по што маршот продолжи пред зградата на Собранието и пред Градската болница, за да заврши пред Владата.
Претходно, во текот на денот, собирот на Филозофскиот факултет наречен „студенски пленум“ доживеа фијаско. Студентите јасно се оградија од намерите за злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели.
Во текот на викендот, јавноста беше разбранувана откако на социјалните мрежи осамна видео од средба на апликацијата Зум, на која инструкторка од Србија обучува „пленумци“, меѓу нив и припадници на политичка партија, како да се организираат за да ја искористат трагедијата во Кочани за да покренат масовни протести во Македонија, по примерот на Србија.