Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со новинарката на „Ал Џазира“, Милка Смилевска која беше нападната на минатонеделниот протест, информира Министерството.
Маричиќ истакнал жалење за овој настан и потенцирал дека токму ваквите напади ја загрозуваат слободата на известување на медиумите и дека ваквите напади врз новинарите воопшто не се добри во едно демократско општество, но и дека негативно се одразуваат на имиџот на државатa.Тој истакна дека очекува институциите да постапат по овој случај со што ќе испратат и порака вакви напади да не се повторуваат во иднина врз други новинари и медиумски работници.
Министерот најави дека ќе направи максимални напори преку законски измени во Кривичниот законик да ја зголеми заштитата на новинарските екипи, во однос на одредбите кои се однесуваат на спречување или напад на новинар во вршењето на професионалната дејност. Маричиќ најави и дијалог со синдикатите на новинари и медиуми по однос на ова прашање.