МАЛА ГРЕШКА МУ ГО СПАСИЛА ЖИВОТОТ! Погрешно го прочитал бројот на билетот

Овој млад човек, да седел каде што требало, веројатно ќе беше мртов. Петтиот вагон во кој случајно се нашол, успеал да остане на шините - изјави регионалниот гувернер.

1,450

Младиот Панајотис Стафилос ја преживеа железничката несреќа во Грција, во која загинаа најмалку 43 лица, затоа што седнал во погрешно купе, а не онаму каде што му бил билетот.  Овој млад човек имал билет за второто купе, но ги измешал бројките.

– Првиот и вториот вагон на возот се речиси целосно уништени во судирот со товарниот воз. Овој млад човек, да седел каде што требало, веројатно ќе беше мртов. Петтиот вагон во кој случајно се нашол, успеал да остане на шините – изјави регионалниот гувернер.






Во интервју за Би-Би-Си, Стафилос вели дека „можеби по чиста среќа, или од Господ“, тој не е меѓу повредените или загинатите во несреќата.

Стафилос вели дека луѓето во неговиот воз биле вознемирени по инцидентот и тој се обидел да им помогне и да ги смири.

– Прво ги скршивме прозорците, но немавме соодветни алатки за да го направиме тоа… па се обидовме да ја скршиме вратата. На крајот пристигна брза помош за да ни помогне – вели Стафилос.

Поврзани содржини