МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ИСПЛАЌА 40,6 МИЛИОНИ ЕВРА ДИВИДЕНДА Државата може да смета на 14 милиони евра од распределбата

Државата поседува 34,81% од акциите во Македонски телеком, а како државни акции може да се сметаат и 2,32% од акциите кои ги поседува АД за стопанисување со деловен простор.

7

Акционерите на Македонски телеком ќе поделат дивиденда од 40,6 милиони евра, односно целата добивка остварена од работењето во 2025 година. Бруто дивидендата изнесува 28,9 денари по акција, а исплатата треба да заврши до крајот на овој месец.

Дел од дивидендата ќе биде исплатена и на сметка на државата која поседува 34,81% од акциите во Македонски телеком. Како државни акции се сметаат и 2,32% од акциите кои ги поседува АД за стопанисување со деловен простор.






Пресметките покажуваат дека државата од своите акции ќе добие 14,12 милион евра и дополнително уште 940.800 евра преку Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. или вкупно во државната ласа годинава ќе се слеат 15,06 милиони евра дивиденда.

Во износот што ќе го добие државата треба да се вклучи и платениот данок на доход од дивидендата и уште е 10% персонален данок на доход од дивидендите исплатени на сите домашни физички лица (мали акционери), како и соодветните даночни задршки од останатите правни субјекти.

Тоа значи дека крајната финансиска корист за буџетот на државата (дивиденда + даночни приливи) надминува 18 милиони евра само од оваа последна деловна година.

Државата  поседува директно 34,81% од вкупниот број акции во Македонски Телеком АД – Скопје, што изнесува точно 30.021.132 обични акции.

Дополнително, државата има влијание и преку сопственичкиот удел на АД за стопанисување со деловен простор (поранешен ПУИК), кој поседува уште 2,32% или 2.000.001 акции.

Преглед на акционерската структура

Акционер Број на акции Процент на сопственост
Stonebridge Communications (Маѓар Телеком) 51.000.001 59,13%
Република Северна Македонија (Влада) 30.021.132 34,81%
АД за стопанисување со деловен простор 2.000.001 2,32%
Останати акционери (домашни и странски) 3.233.153 3,74%
Македонски Телеком (сопствени акции) 10% 0,00001%

Вкупниот број на издадени акции на компанијата изнесува 86.254.297 обични акции, а државата дополнително поседува и една златна акција која и дава право на вето за клучни стратешки одлуки во компанијата.

Последниве години Телеком исплаќа се помала дивиденда бидејќи и приходот и опаѓа поради конкуренцијата.

Највисок износ на дивиденда државата доби во 2004 година во износ од 44,8 милиони евра односно 60,08 денари по акција, а најнизок износ на дивиденда државата доби во 2019 година кога ѝ се исплатени 8,02 милиони евра, или 15,40 денари по акција.

Првата дивиденда на државата од страна на Македонски Телеком (тогаш Македонски Телекомуникации) ѝ е исплатена во 2002 година по приватизацијата во 2001 година и изнесуваше 18,5 милиони евра.

 

Поврзани содржини