МАКЕДОНСКИ ЈАБОЛКА ЗАПРЕНИ НА БУГАРСКАТА ГРАНИЦА Анализите покажале недозволени остатоци од пестициди

Бугарската агенција за безбедност на храната утврдила дека пратката од 19.350 килограми не ги исполнува законските безбедносни стандарди, поради што ќе биде вратена во Македонија.

120

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила увоз на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале дека содржи остатоци од пестициди над максимално дозволените граници.

Пратката, тешка вкупно 19.350 килограми, нема да влезе на бугарскиот пазар, туку ќе биде вратена во Македонија.






Како што соопшти БАБХ, лабораториските испитувања утврдиле концентрации на остатоци од пестициди повисоки од законски пропишаните максимално дозволени нивоа. Поради тоа, јаболката не ги исполнуваат безбедносните стандарди за увоз и продажба.

Пратката била откриена во рамки на засилените контроли што бугарската агенција ги спроведува врз увезеното свежо овошје и зеленчук.

Поврзани содржини