📷 МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Интернет-измами тешки 4 милиони евра, жртви во 50 држави

Криминалната мрежа се поврзува со финансиска штета поголема од четири милиони евра. Потенцијални жртви се откриени во најмалку 50 држави, а во операцијата учествувале полициски и правосудни органи од 7 земји.

0

Македонската полиција учествуваше во меѓународна акција во која за интернет измами се уапсени седуммина, а запленети се над 100 сервери. Проценетата штета надминува 4 милиони вра, а потенцијални жртви се идентификувани во најмалку 50 држави, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Потенцијални жртви се идентификувани во најмалку 50 држави“, наведува МВР, повикувајќи се на досегашните сознанија од истрагата.






Во координираната акција биле претресени 17 локации во различни земји, при што биле обезбедени и други електронски докази поврзани со криминалните активности.

Од македонска страна учествувал Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Операцијата била спроведена со поддршка на Европол и Европравда, а покрај Македонија, во неа учествувале и надлежните органи на Германија, Кипар, Финска, Албанија, Израел и Косово.

„Учеството во оваа меѓународна операција претставува уште една потврда за активниот придонес на Министерството за внатрешни работи во заедничките напори за откривање и сузбивање на организираниот криминал“, се наведува во соопштението.

Фото: Министерство за внатрешни работи
Фото: Министерство за внатрешни работи
Фото: Министерство за внатрешни работи
Поврзани содржини