МАКЕДОНИЈА ВО ЦРНИ ТРЕНИНГ-МАИЧКИ ПОСВЕТЕНИ НА КОЧАНИ „Рисовите“ против Лихтенјштајн ќе играат во темни дресови
На маичките е испишан црниот датум за нашата историја, 16.03.2025, денот кога 60 наши сограѓани трагиично го загубија животот. Натпреварот започнува во 15:00 часот.
Македонската фудбалска репрезентација ќе истрча на теренот во Вадуц со црни тренинг-маички, со кои ќе искаже почит и длабоко сочувство за загинатите и настраданите во страшната трагедија што се случи во Кочани.
Нашите „рисови“ важат за големи фаворити на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн, а играчите ќе се обидат да извојуваат важна победа која ќе биде посветена на цела Македонија.
Оваа информација на социјалните мрежи ја сподели претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ.
На маичките е испишан црниот датум за нашата историја, 16.03.2025, денот кога 60 наши сограѓани трагиично го загубија животот. Натпреварот започнува во 15:00 часот.
Инаку на од ФФМ претходно најавија дека со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на натпреварот против Лихтенштајн во Вадуз во рамки на мундијалските квалификации.