МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА ИМА НАЈНИСКО НИВО НА КРИМИНАЛИТЕТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ Тошковски откри дека за 2 години откриени се 30 организирани криминални групи

Тошковски, кој дава отчет за сработеното во изминатите две години, напомена дека МВР ги зајакна институционалните капацитети и ја унапреди борбата против организираниот криминал и корупцијата.

1

Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет, а владеењето на правото темел врс кој ќе се гради довербата врз институциите. Изминатите две години се соочивме со бројни безбедносни предизвици, но покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка, може да се постигнат видливи резултати, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски, кој дава отчет за сработеното во изминатите две години, напомена дека МВР ги зајакна институционалните капацитети и ја унапреди борбата против организираниот криминал и корупцијата.






-Инвестиравме во опрема, обуки и нови технологии. Денешниот отчет не е само изнесување бројки, туку е фактичка потврда за трудот и професионалноста на полициските службеници и сите вработени во МВР. Свесен сум дека пред нас има уште многу работа, безбедноста е процес што барапостојана посветеност. Затоа, ќе продолжиме со иста енергија, јасна визија и определба да изградиме современо МВР кое ќе одговори на предизвиците- рече Тошковски.

Тошковски рече дека иако наследиле систем за издавање на лични документи кој бил запрен, денес веќе тоа е минато.

Тој информира дека се отворени нови одделенија со кои МВР се доближи до граѓаните, а документите се издаваат многу полесно преку дигитализацијата на процесите, без чекање на шалтери.

Тошковски како еден од најзначајните проекти го издвои реализирањето на „Безбеден град“ кој, како што рече, ќе се реализира на цела територија на земјата до крајот на годината.

-Во првите 5 месеци од воведувањето е забележано намалување на бројот на загинати во сообраќајните несреќи за 4о%. Во овој период се регистрирани повеќе од 120.000 сообраќајни прекршоци од кои 95% се за зголемена брзина на движење – рече Тошковски.

Тошковски рече дека земјава има најниското ниво на криминалитет од последните 20 години, при што ефикасноста е зголемена на 69%, а значително е зголемено откриваи сторители.

-Откриени се повеќе од 30 организирани криминални групи. Во областа на корупцијата сузбиени се 6 такви групи при што кривично се пријавени 146 лица и 18 правни. Откриени се околу 500 кривични дела, а бројот на пријавени сторители насминува 1.000- рече Тошковски.

Тој ги соопшти и резултатите во откривањето на каналите за дрога и на оружје.

Поврзани содржини