📽️ САД НАПАДНАА ЦЕЛИ ВО ИРАН КАКО ОДГОВОР НА НАПАДНАТИОТ ТОВАРЕН БРОД Пристигна закана за одмазда

Според официјалното соопштение, нападите биле извршени од американски борбени авиони Ф-35 и Ф-16. Цел биле четири локации во Иран: позиции по должината на брегот и на островот Кешм.

251

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормускиот Проток, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските агенции. Иранската страна најави одмазда за нападот.

Американската војска, како што објави нејзината Команда за Блискиот Исток, ги нападна иранските магацини со беспилотни летала и ракети.






„Неиспровоцираната агресија од страна на иранските сили врз трговските бродови е јасно кршење на примирјето“, објави американската војска на платформата X.

Според официјалното соопштение, нападите биле извршени од американски борбени авиони Ф-35 и Ф-16. Цел биле четири локации во Иран: позиции по должината на брегот и на островот Кешм.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го обвини Иран за „неодговорно кршење“ на договорот за прекин на огнот, тврдејќи дека Техеран испукал најмалку четири камикази дронови кон бродови во Ормускиот Проток. Според него, едно го погодило товарниот брод, додека преостанатите три биле соборени.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, по американските напади извршени по иранскиот напад врз трговски брод, изјави дека „на насилството ќе се одговори со насилство“.

„Доколку имаат несогласувања околу начинот на кој се спроведува меморандумот за разбирање, можат едноставно да се јават по телефон“, напиша Венс на социјалната мрежа Икс.

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) соопшти дека ќе одговори „брзо и решително“ на најновите американски напади врз Иран, јави иранската државна телевизија.

ИРЦГ соопшти дека го одби американскиот напад врз островот Кешм, кој се наоѓа на брегот на Ормускиот Проток.

Британската поморска агенција UKMTO вчера добила известување дека брод што пловел во близина на брегот на Оман бил погоден од непозната ракета. Нападот предизвикал штета, но немало жртви. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денес го опиша нападот врз бродот како „глупаво кршење на примирјето“.

Поврзани содржини