МАКЕДОНИЈА БЕЛЕЖИ РАСТ ОД 7,6% НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО Кредитот од 230 милиони евра за домашните фирми дава поттик

31

Македонија бележи раст од 7,6% на индустриското производство, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи за резултатите во индустријата и за ефектите од економските политики кои Владата ги спроведува во изминатиот период.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во 2026 година индустриското производство бележи раст од 7,6 проценти во однос на 2025 година. Во исто време, кумулативно за 2026 година индустриското производство е во позитивна зона и бележи раст од 0,2 проценти.






– Во услови кога голем дел од европските економии се соочуваат со забавување на индустриската активност, кога индустриското производство во многу држави е во негатива, Македонија е во позитива. Ова не е случајност. Ова е резултат на јасна економска политика и директна поддршка на домашните компании – рече Стојановски.

Тој вели дека Владата обезбедила силен финансиски поттик за стопанството преку кредитната линија од 230 милиони евра наменета за домашните претпријатија.

– Тоа се средства кои не останаа само бројка на хартија, туку завршија во нови инвестиции, нова опрема, проширени капацитети, поголемо производство и нови можности за развој. Кога државата стои зад домашните компании, резултатите се видливи. Расте производството, расте индустрискиот промет, се зголемува економската активност и се отвора простор за нови работни места. Особено значајно е што растот доаѓа од преработувачката индустрија, секторот кој создава најголема додадена вредност и кој е двигател на извозот и економскиот развој. Затоа денес можеме со сигурност да кажеме дека економските политики даваат резултати. Не зборуваме за проценки, туку за официјални статистички податоци – рече тој и најави дека ќе продолжи поддршката на домашната економија.

Поврзани содржини