МАКЕДОНЦИ ВО АВСТРИЈА ОСТАНАА БЕЗ ВОЗИЛАТА И БЕЗ ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ Едниот од нив дивеел со 191 километри на час!

Едниот од нив, 20-годишен Македонец во „Mercedes C-250“ возел со 154 километри на час наместо дозволените 70 километри на час, додека неговиот 21-годишен сограѓанин од Хаид со „BMW 530d“ достигнал дури 191 километри на час, што е 121 километри на час над ограничувањето.

4,663

Двајца млади возачи од Македонија останаа без своите автомобили и возачки дозволи откако беа фатени како возат со екстремно висока брзина во областа Линц-Ланд во австриската покраина Горна Австрија, објави „Кронен Цајтунг“.

Едниот од нив, 20-годишен Македонец во „Mercedes C-250“ возел со 154 километри на час наместо дозволените 70 километри на час, додека неговиот 21-годишен сограѓанин од Хаид со „BMW 530d“ достигнал дури 191 километри на час, што е 121 километри на час над ограничувањето.






Локалните медиуми пренесуваат дека дури и полициските службеници биле изненадени од рекордните брзини измерени во зоната со ограничување од 70 км/ч. Полицајците вршеле ласерски мерења со радар на Салцбургерштрасе во Линц.

 

Поврзани содржини