📽️ СИ ГИ НОСЕЛЕ ВРЕДНИТЕ РАБОТИ ВО ВОДА, ИМ КАЖАЛЕ ДА ПРОБААТ „ПОБАЛКАНСКИ“ Пар доби „генијални“ совети откако објави снимка од летување

Видеото на млад пар собра милиони прегледи, а најголемо внимание привлече советот што пристигна од Балканот.

317

Пар кој решил да ги носи своите вредни работи со себе во морето наместо да ги остави на плажа стана вистински хит на социјалните мрежи. Видеото собра повеќе од милион лајкови, но наместо нивната снаодливост, најмногу внимание привлече таканаречениот „балкански метод“ за чување работи на плажа.

Корисничката на ТикТок, Фјона, објави видео во кое покажува како таа и нејзиното момче го решиле проблемот со телефонот, паричникот и клучевите додека пливаат.






Наместо да побараат од некого да им ги причува работите, сè ставиле во пластична кеса, добро ја затвориле и ја поставиле на шарена гума што пловела покрај нив додека биле во морето.

„Кога твоето момче е премногу претпазливо, па сите работи мора да ги ставите во пластична кеса и да ги носите со себе додека пливате“, напишала таа покрај видеото.

 

@fjona_04 #fyp #fürdich #vacations #holidays #jet2holidays #boyfriend #girlfriend #couple #overthinker #beachvibes #albania #switzerland ♬ Jet2 Advert – ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧

„Балканот има подобро решение“

Во коментарите брзо се појавил совет што привлече огромно внимание.

„Научи го на балканскиот метод“, напишал еден корисник.

Кога другите прашале што точно значи тоа, следувало објаснување дека вредните работи едноставно се оставаат под облеката, под пешкирот или на место што не привлекува внимание.

Други отишле чекор понатаму. Според нив, парите, клучевите и телефонот треба да се стават во кеса, да се закопаат плитко во песокот и над нив да се постави пешкир.

„Да ги закопаш под пешкир? Добра идеја!“

„Тоа е многу подобро отколку да барате непознати луѓе да ви ги чуваат работите“, гласи еден од најпопуларните коментари.

Имаше и корисници кои ја бранеа идејата на младиот пар.

„Всушност, ова е одлична идеја. Токму грижата за работите ме одвраќа од одење на плажа кога сум сам“, напишал еден корисник.

„Генијално за луѓе што патуваат сами“, додал друг.

Трет заклучил кратко:

„Чекајте… ова навистина е добра идеја“.

Поврзани содржини