НЕ ЗАПИРА БРАНОТ НА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО По случајот во Аеродром, уште две деца нападнати во Скопје

Во Карпош бил нападнат малолетник од група врсници, а неколку часа подоцна во Центар физички била нападната малолетничка. Од МВР велат дека работат на расчистување на двата случаи.

0

Само еден ден по случајот со 12-годишното девојче од скопски Аеродром, кое беше понижувано, принудувано да клекне на колена и претепано од врснички, во полиција се пријавени уште два нови случаи на врсничко насилство врз малолетници.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првиот случај бил пријавен утрото, кога 38-годишна жена во СВР Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.






Нападот, според пријавата, се случил на 21 јуни околу 21 часот на подрачјето на Карпош, а оштетениот познавал двајца од напаѓачите.

Вториот случај бил пријавен доцна вечерта, околу 23:35 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од две други малолетнички кои ги познавала.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи и утврдување на сите околности.

Новите пријави доаѓаат во период кога јавноста е особено вознемирена поради серијата случаи на врсничко насилство, а институциите се под зголемен притисок за побрза и поефикасна реакција.

Поврзани содржини