ДВА ГОЛЕМИ ПОЖАРИ АКТИВНИ КРАЈ ШТИП Кај селото Чардаклија горат фотоволтаици!?
Голем пожар на отворен простор избувна претпладнево во атарот на Општина Пробиштип, при што густ чад се шири во околината и создава сериозни тешкотии во сообраќајот.
Во Штип се активни два големи пожари – на тврдината Исар и во селото Чардаклија, каде што се зафатени фотоволтаични системи, јави МИА.
Во моментов сите противпожарни возила, пожарникари и доброволци од ДПД од Штип, како и населението и волонтери, се на терен во населбата Исар, каде што со помош на цистерни со вода, но и лопати и вода од околните куќи, не се дозволува пожарот да дојде до најблиските објекти.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели дека за среќа нема повредени и нема зафатено куќи во населбата Исар, која е под тврдината Исар.
Според првични информации и искази на очевидци, пожарот избил од искрење од жица на електричен столб.
Јорданов за МИА информира и дека во моментов горат и фотоволтаици во селото Чардаклија, каде што има голема материјална штета.
Стојанче Ангелов вели дека на пожарот на тврдината Исар ќе дејствува и ер трактор.
Забранет за сообраќај е дел од булеварот „Гоце Делчев.
Голем пожар на отворен простор избувна претпладнево во атарот на Општина Пробиштип, при што густ чад се шири во околината и создава сериозни тешкотии во сообраќајот.
Според информациите, чадот формирал димна завеса над регионалниот пат Штип–Пробиштип, поради што видливоста е значително намалена, а возилата се движат бавно.