MAЃАР Ѝ ГО ВРАТИЛ ЗАПЛЕНЕТОТО ЗЛАТО НА УКРАИНА Зеленски го пофали соседот за конструктивен пристап
Унгарија ѝ ги вратила на Украина парите и златото на „Ошадбанка“ што беа запленети во март под сомнение за перење пари, тврди претседателот на Украина. Киев своевремено го нарече потегот на Унгарија рекетирање.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Унгарија ги врати парите и златото на украинската „Ошадбанка“, што унгарските тајни служби ги запленија во март.
Во операцијата беа запленети околу 82 милиони долари и злато под сомнение за перење пари, а беа приведени и седум Украинци. Киев тоа го оцени како рекетирање.
Сите средства и злато се целосно вратени во Украина, наведе Зеленски, истакнувајќи дека тоа е „конструктивен пристап“ од страна на Унгарија и „цивилизиран чекор“.