4 ГОДИНИ СУСПЕНЗИЈА ЗА МИРКО ЛАЗАРЕСКИ Кај македонскиот скијач откриена недозволена супстанца
Еден од најдобрите македонски скијачи Мирко Лазарески е суспендиран на 4 години поради присуство на недозволената супстанца станозолол. Одлуката ја објави Министерството за спорт, а случајот сериозно ја доведува во прашање неговата кариера.
Македонскиот скијач Мирко Лазарески доби 4-годишна суспензија поради допинг. Информацијата ја објави Министерството за спорт, чија комисија утврдила присуство на недозволена супстанца во неговиот организам.
Станува збор за станозолол, супстанца што е забранета во спортот.
Лазарески, роден 2003 година, требаше да биде македонски претставник на Олимписките игри во Кортина минатата зима. Но случајот со допингот Комисијата утврдила неправилности
Во образложението на Министерството за спорт е наведен текот на постапката и исказот што Лазарески го дал пред надлежната комисија.
Засега нема дополнителна реакција од скијачот или од неговиот тим.
