ЛИЦЕМЕРИЕТО НА СДСМ И ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕМА КРАЈ Зборуваат за ЕУ, а ја кочат реформската агенда
Филипче со неговите изјави покажува спремност за устави измени и спремност да го надмине неговиот ментор Заев во предавствата на државните интереси – вели ВМРО-ДПМНЕ.
Лицемерието на СДСМ и Венко Филипче нема крај – додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги поддржуваат законите од реформската агенда во Собранието – обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Додека СДСМ и Филипче зборуваат за проевропскиот пат на државата соработуваат со бизнисмени кои имаат проруски ориентации како Александар Онишченко на кого му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија, кој доби десетици државни тендери во време на СДСМ и Миодраг Давидовиќ – Дака за кој само еден ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваа ДУП во Тетово, за да му се овозможи проект тежок 200 милиони евра со над 2.000 станбени единици.
Филипче глуми грижа за европскиот пат додека е спремен да ги распродаде националните интереси. Филипче се прави дека тој не слушнал дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет и покрај многубројните изјави од бугарски официјални претставници каде отворено Бугарија го негира идентитетот, Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебниците, покрај оспорувањето на јазикот.
Филипче со неговите изјави покажува спремност за устави измени и спремност да го надмине неговиот ментор Заев во предавствата на државните интереси. СДСМ и Филипче се спремни да ја стават државата во подредена состојба само за да дојдат на власт и да си ги полнат сопствените џебови.
Поради СДСМ, Заев и останатите државата е во ќорсокак токму поради погрешните политики како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство и Францускиот предлог.
Граѓаните знаат кој работи за напредок, стабилност и заштита на националните интереси, а кој е подготвен повторно да тргува со историјата, идентитетот и националните интереси само поради власт и лични цели“ – сњ вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.