ОБНОВЕНИТЕ НАПАДИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ГИ ЗГОЛЕМИЈА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА На светската економија ѝ недостигаат 14 милиони барели нафта дневно
Централната команда на САД соопшти дека американските сили пресретнале ирански напади и извршиле одбранбени напади додека разорувачи со водени ракети минувале низ Ормускиот теснец, нагласувајќи дека војската нема намера дополнително да ги ескалира тензиите.
Цените на нафтата денеска се зголемија како последица на новите судири меѓу САД и Иран.
Фјучерсите за суровата нафта Брент се искачија над 100 долари за барел утрово, надоместувајќи дел од загубите од почетокот на неделата, а на американската нафта WTI се движат околу 95 долари за барел.
Централната команда на САД соопшти дека американските сили пресретнале ирански напади и извршиле одбранбени напади додека разорувачи со водени ракети минувале низ Ормускиот теснец, нагласувајќи дека војската нема намера дополнително да ги ескалира тензиите.
Во меѓувреме, администрацијата на Трамп чека одговор од Иран на предлогот насочен кон повторно отворање на Ормус и прекинување на речиси 10-неделниот конфликт, при што тензиите остануваат високи и во Персискиот Залив и во Либан.
Според извештаите, се очекува Техеран да го достави својот одговор преку Пакистан во следните два дена.
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предупреди дека војната нарушува околу 14 милиони барели дневно од глобалното снабдување со нафта и забележа дека секое закрепнување на производството по конфликтот веројатно ќе продолжи постепено.