ЛЕТЕН БРАНЧ НА ДМ И „МАМА КРУГ“ Едукацијата, женската поддршка и важноста на СПФ заштитата

Компанијата dm уште еднаш ја истакна својата посветеност кон теми кои се блиски до секојдневието на жените - нега, превенција, информираност, грижа за себе, женска поддршка и создавање моменти кои потсетуваат дека убавината започнува со внимание кон сопственото здравје.

0

Во пријатна летна атмосфера исполнета со разговори, дружење и корисни совети, dm и заедницата на мајки „Мама круг“ организираа летен бранч посветен на негата на кожата, СПФ заштитата и малите ритуали кои го прават летото поубаво, побезбедно и повнимателно кон себе. Настанот беше осмислен како поинакво летно дружење во кое убавото и корисното се споија во едно заокружено искуство за повеќе од 100 присутни дами. Во фокусот беше правилната нега на кожата во летниот период, со посебен акцент на важноста од редовна заштита од сонце и создавање здрави навики во секојдневието.

Посебен интерес кај присутните предизвика едукативниот дел со дерматологот д-р Тихомир Цветковиќ, кој сподели практични совети за заштита на кожата во лето, правилна употреба на СПФ производи и препораки кои секоја жена може лесно да ги вклучи во својата дневна рутина.






Дополнително, во рамки на настанот беа организирани бесплатни дерматолошки прегледи со дерматоскоп, насочени кон рано откривање на сомнителни промени на кожата, со посебен фокус на бенките. Оваа можност ја искористија повеќе од 80 присутни, кои добија индивидуален преглед и личен совет од дерматолог, што му даде уште повреден, едукативен и превентивен карактер на настанот.

– Како дерматолог, секојдневно гледам промени кои можеле да бидат спречени или откриени многу порано. Затоа мојата препорака е едноставна: користете фотозаштита секој ден и не ги одложувајте превентивните прегледи – истакна д-р Цветковиќ.

Настанот беше збогатен и со инспиративен разговор и промоција на летната книга „Петок“ од авторката Маја Божиновска Попова. Романот носи забавна содржина за релаксирање во летните денови, но истовремено има и едукативна порака – секоја 60-та страница е обоена со црвено, како потсетник дека е време повторно да се нанесе крема за заштита од сонце.

Токму оваа порака е продолжена и преку специјалната dm акција, во рамки на која до 21 јуни, односно до истек на залихите, со купување три или повеќе производи од dm марката SUNDANCE, купувачите на каса добиваат подарок примерок од романот. На овој начин, читањето и летната релаксација добиваат дополнителна вредност, потсетувајќи на важноста од редовна заштита на кожата од штетното сончево зрачење.

Како дел од летното искуство, dm подготви и посебно СПФ катче, каде што присутните можеа да се запознаат со производите за заштита од сонце, да ги тестираат и да добијат препораки според својот тип на кожа. На овој начин, dm уште еднаш ја нагласи важноста на информираниот избор кога станува збор за нега, заштита и одговорен однос кон сопственото здравје.

– dm како општествено одговорна компанија години наназад посветено работи на унапредување на женското здравје, со посебен фокус на негата и превенцијата, а заштитата од сонцето претставува клучен дел од таа грижа. Токму затоа, преку летниот бранч и оваа година продолжуваме во истиот дух – да мотивираме, инспирираме и едуцираме колку е важно да се грижиме за нашата кожа, особено во летниот период, кога изложеноста на сонце е најголема. Како креативна потврда за оваа посветеност е и dm летната книга, која во време на дигитални потсетници, на интересен и привлечен начин нè потсетува дека и на одмор нашата кожа не одмора од сонцето и дека секогаш е потребна соодветна заштита – изјави Сандра Атанацковиќ Ѓурѓев, дел од маркетинг тимот на dm drogerie markt.

Секоја гостинка доби и подарок од dm – книга од авторката, dm пешкир за плажа и специјална торбичка со производи од dm за персонализиран одмор. Дополнителните изненадувања, награди, летната бранч атмосфера, фотографирањето и новите познанства го заокружија настанот како топло, женствено и инспиративно претпладне.

Со ова летно дружење, dm уште еднаш ја истакна својата посветеност кон теми кои се блиски до секојдневието на жените – нега, превенција, информираност, грижа за себе, женска поддршка и создавање моменти кои потсетуваат дека убавината започнува со внимание кон сопственото здравје.

Поврзани содржини