ЛЕТАЛ СО 204 КМ/Ч НА АВТОПАТОТ Гевгеличанец уапсен по опасното дивеење со „БМВ“

29-годишен гевгеличанец е уапсен откако полицијата измерила дека возел со 204 километри на час на автопатот А1, каде што ограничувањето е 120 км/ч.

0

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил фатен како вози со дури 204 километри на час на автопатот А1, на делницата кај клучката Смоквица, каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачот со иницијали Ж.Д. бил запрен во средата околу 21:26 часот од полициски службеници од ОВР Гевгелија, кои при сообраќајна контрола со радар утврдиле дека управува автомобил „БМВ“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина речиси двојно поголема од дозволената.






Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, кривично дело предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Поврзани содржини