ЛЕЈДИ ГАГА СТАНА МАЈКА, НО СÈ УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ КАКО ГО ДОБИЛА БЕБЕТО Славната пејачка и нејзиниот свршеник се видени на прошетка со новороденче, но нема детали за нивното ненадејно родителство

Гага и Полански се во врска од 2019 година, а се свршија во 2024 година. Пејачката во повеќе интервјуа претходно зборуваше за желбата да стане мајка, а мајчинството го опиша како нејзина „следна главна улога“.

106

Лејди Гага и нејзиниот свршеник Мајкл Полански станале родители на своето прво дете, објавија повеќе светски медиуми. Веста првично ја објави „Page Six“, кој објави и фотографии од парот како се шета со новороденчето во Северна Калифорнија. На фотографиите Гага го држи бебето во носилка, цврсто прилепено до градите, додека Полански оди покрај неа.

Веста ја потврдија и други медиуми, но сите се повикуваат на извештаи, фотографии или извори блиски до двојката. „People“ наведува дека 40-годишната пејачка и 42-годишниот Полански се пресреќни во новата животна улога, а извор близок до нив тврди дека двајцата во текот на летото делумно се повлекле од работните обврски за да поминуваат време со бебето.






Сепак, Лејди Гага и Полански досега немаат објавено официјална изјава за раѓањето. Ниту нивните претставници не ги потврдиле јавно информациите, а не се познати името, полот или точниот датум на раѓање на детето. Агенцијата ЕФЕ посебно нагласува дека веста сè уште не е официјално потврдена од пејачката.

Не е потврдено ниту дали Гага лично ја изнела бременоста. Таа никогаш јавно не објави дека е бремена, а ниту еден релевантен медиум досега не објавил проверена информација дали детето е родено со помош на сурогат-мајка, дали станува збор за посвојување или пејачката го родила.

Гага и Полански се во врска од 2019 година, а се свршија во 2024 година. Пејачката повеќепати зборувала за желбата да стане мајка, нарекувајќи го мајчинството своја „следна главна улога“. Во изминатите месеци парот се држеше подалеку од јавноста, особено по завршувањето на нејзината турнеја во април.

Поврзани содржини