НИШТО ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПЛОВИДБАТА НИЗ ОРМУС Одложени разговорите меѓу Иран и заливските држави

Оманскиот министер за надворешни работи, Бадр ал-Бусаиди, изјави дека состанокот меѓу Иран, Ирак, Оман, Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија за денеска е одложен „во интерес на консензусот“.

10

Разговорите меѓу Иран и државите од Перискиот Залив за пловидбата низ Ормускиот Теснец се одложени, соопшти синоќа Оман.

Оманскиот министер за надворешни работи, Бадр ал-Бусаиди, изјави дека состанокот закажан за денеска е одложен „во интерес на консензусот“.






„Остануваме посветени на поттикнувањето дијалог што ја поддржува стабилноста и трајната соработка во нашиот регион“, напиша тој на мрежата Икс.

Тој не објави нов датум ниту дополнително објаснување за причините за одложувањето.

Американскиот портал Аксиос објави дека Саудиска Арабија побарала измени на иранско-оманскиот предлог за Ормус, со цел да се избегне воспоставување нов статус-кво во тој поморски премин.

„Функционер од Заливот ми кажа дека Саудиска Арабија го изменила оманско-иранскиот предлог во врска со Ормус, бидејќи се плашела оти презентираниот текст би можел ефикасно да воспостави нов статус-кво во Теснецот, што би било неприфатливо за неа или за другите земји-членки на Советот за соработка во Заливот“, напиша новинарот на „ксиос“ Барак Равид, на својот профил на Икс.

Претходно месецов Иран и Оман постигнаа огласност за општите услови на договор за привремени рути за бродовите што минуваат низ протокот.

Министрите за надворешни работи на Иран, Ирак, Оман, Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија беа поканети да присуствуваат на разговорите.

Се очекуваше Ал-Бусаиди и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи да ги брифираат владините претставници за состојбата со преговорите меѓу Оман и Иран за Ормус.

Техеран и Маскат со недели преговараат за механизам за регулирање на бродскиот сообраќај низ протокот, кој е клучен воден пат за глобалната трговија со нафта, гас и ѓубрива. За иранските власти, Ормускиот Теснец стана важно средство за притисок во нивниот конфликт со САД.

Набрзо по избувнувањето на американско-израелката војна со Иран на крајот на февруари, Техеран во голема мера го блокираше сообраќајот низ протокот со закани и со напади врз бродовите.

Американската морнарица, од своја страна, воведе поморска блокада на иранските пристаништа.

Иран бара отстапки од американската влада во согласност со договореното во рамковниот договор во јуни.

Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме се обидува да врши притисок врз Иран преку „економска војна“.

Поврзани содржини