ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБИ ВО СКОПСКИ УЧИЛИШТА На мејлот на МВР стасала порака со закана

55

Лажна е дојавата за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Денеска (29.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу училиштата, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби.

Поврзани содржини