ГО НЕМА ДОБРОТО МОМЧЕ, ВЕЛИ ТРАМП „Иран да се опамети, не знае да потпише договор“

Шефот на САД објави нова остра порака кон Иран, додека растат цените на нафтата и тензиите растат на Блискиот Исток. Според Трамп, Иран треба да се опамети бидејќи, како што вели, нема веќе „добро момче“ од страната на САД.

361

„Не знаат како да потпишат ненуклеарен договор. Подобро би било наскоро да се вразумат“.

Вака напиша шефот на САД на својата социјална мрежа и објави монтирана слика на која држи руже со натпис „Го нема веќе доброто момче“.

Објавата доаѓа во време кога цената на нафтата порасна од 112 на 114 долари за барел што ги подгрева стравовите од економска криза.

Иран ги обвини САД за „пиратство“ и заплена на бродови, со најава за можен воен одговор од страна на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Западните медиуми пишуваат дека стратегијата на Доналд Трамп е долгорочна економска блокада на Иран.

Во меѓувреме, Израел пак гаѓaше цели во Јужен Либан.

Поврзани содржини