МАРИНА АБРАМОВИЌ СЕ РАСПРИКАЖА ЗА СЕКСОТ СО 21 ГОДИНА ПОМЛАДИОТ ПАРТНЕР Сексуално сум на врвот, вели српската уметница која годинава ќе полни 80 години

Имам партнер кој е 21 година помлад и имаме редовен сексуален живот. Тоа ми дава многу енергија и благосостојба. Сакам да бидам пример за жените на мои години. Сексуално, сум на врвот на мојот живот. Можеби на тој начин можам да им бидам пример на некои, рекла српската уметница со светско реноме која во ноември ќе наполни 80 години

138

Иако не го откри идентитетот на својот партнер, познатата српска уметница Марина Абрамовиќ се пофали дека на 79 години има богат сексуален живот со 21 година помлад партнер.

Оваа српска концептуална уметница е првенствено позната по своите уметнички проекти, но и по слободниот дух со кој живее неоптоварена во пресрет на нејзиниот 80-ти роденден.

По повод изложбата „Балкански еротски еп“, таа се занимаваше со балканската еротика и митовите за плодноста, а на прашањето на германскиот медиум Дер Шпигел, одговори за важноста и моќта на сексуалната енергија.

Како што објасни, според нејзино мислење, сексуалната енергија ја користиме на различни начини: таа станува љубов и нежност или агресија и насилство.

– Ги проучував ритуалите за плодност од Македонија, Албанија, Бугарија, Романија, Грција и Турција. Фалусите и вагините биле обожавани од осмиот до десеттиот век. Дури и при садење компири или на свадби, се повикувала моќта на сексуалноста. Гениталиите ја симболизирале смислата на животот. Денес, сè се смета за порнографски, женските тела се засрамуваат. Тоа го сметам за многу тажно – вели 79-годишната Абрамовиќ.

Зборувајќи за своето воспитување во Србија, таа откри дека сексот се сметал за „валкан“, а во текот на нејзините години на формирање се борела со комплекси поврзани со својот изглед – мислела дека е премногу слаба, а дека носот ѝ е преголем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SZILVESZTER MAKÓ (@szilvesztermako)

– Штом почнав да правам перформанси, бидејќи тогаш не го претставував моето лично тело, туку универзалното тело, одеднаш веќе не ми беше важно како изгледам, концептот стана поважен. Таа енергија целосно ме излечи – објаснува таа, додавајќи дека дури на околу 29 години почнала да го разбира еротизмот, а дека почнала да ужива во сопственото тело кога наполнила 50 години.

Размислувајќи за својата сексуалност, таа открива: „Имам партнер кој е 21 година помлад и имаме редовен сексуален живот. Тоа ми дава многу енергија и благосостојба. Навистина е прекрасно. Сакам да бидам пример за жените на мои години“, додавајќи дека не планира да се придржува до општествените норми: „Сексуално, сум на врвот на мојот живот. Можеби на тој начин можам да бидам пример за некои луѓе.“

Поврзани содржини