ПРОГЛАСЕН Е НАЈСЕКСАПИЛНИОТ МАЖ НА СВЕТОТ Актерот Ноа Вајл мислел дека некој се шегува со него
Актерот Ноа Вајл е прогласен за најсексапилен маж на светот за 2026 година. Ѕвездата на „Итна помош“ признал дека прво мислел дека станува збор за шега.
Актерот Ноа Вајл (55), ѕвездата на сериите „Итна помош“ и „The Pitt“, е прогласен за најсексапилен маж на светот за 2026 година, во изборот на американското списание „Пипл“. Признанието толку го изненадило што најпрвин помислил дека некој се шегува со него, а сопругата Сара го убедила дека треба да го прифати.
Вајл открил дека дома има една важна задача – миењето садови, работа во која, како што вели, дури и ужива.
– Јас сум задолжен за садовите. Мијалникот е мое царство. Би им препорачал на мажите почесто да се фаќаат за миење садови, бидејќи тоа делува многу терапевтски – вели актерот во интервју за „Пипл“.
Иако со децении е познато лице на телевизиските екрани, Вајл признава дека сè уште се чувствува несигурно кога треба да зборува како сам себе, без сценарио.
– Сакам да бидам во туѓа кожа, сакам да глумам ликови. Често сум несигурен. Сè уште ми е најтешка онаа интеракција во која треба да зборувам како јас, без сценарио – вели тој.
Неговите деца, изгледа, не биле премногу воодушевени од новата титула. Синот Овен му рекол дека таа само ќе му го отежни животот и ќе му донесе луѓе што ќе го критикуваат, додека ќерката Оден наводно реагирала со неверување. Актерот очекува семејството уште долго да се шегува на негова сметка.
Вајл се прослави како доктор Џон Картер во култната медицинска серија „Итна помош“, во која играше 11 сезони. По улогите во повеќе телевизиски и филмски проекти, повторно се врати во центарот на вниманието со серијата „The Pitt“, во која го игра докторот Мајкл „Роби“ Робинович. За оваа улога освои две награди „Еми“ за најдобар главен актер во драмска серија.
Актерот од 2014 година е во брак со Сара Велс, со која има ќерка, а од првиот брак со Трејси Ворбин има уште две деца. Сара била меѓу оние што го охрабриле да го прифати признанието, бидејќи смета дека неговите квалитети како човек, татко и сопруг заслужуваат да бидат истакнати.