ЛАНИ СЕКОЈ ГРАЃАНИН СОЗДАЛ 417 КИЛОГРАМИ КОМУНАЛЕН ОТПАД Но, дел од тој отпад не завршил на депонија туку расфрлан во природата

Од вкупното количество собран комунален отпад, 537.341 тон или 84% се собрани од домаќинствата, а останатите 16% од правни и физички лица (комерцијален отпад). 

15

Секој жител на Македонија лани создал 417 килограми отпад или вкупно се создадени 755.789 тони комунален отпад, но дел од овој отпад останал расфрлан бидејќи од вкупното количество создаден отпад собрани се 639.668 тони.

Ова го покажуваат податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

За разлика од 2024 година, вкупното количество собран комунален отпад лани е зголемено за 0,3% што, според Статистика, се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад.

99,8% од комуналниот отпад, според ДЗС е складиран во депониите, а останатите 116.121 тон не се знае каде е складиран.

Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 178.953 тони или 28 % од вкупното собрано количество.

Од вкупното количество собран комунален отпад, 537.341 тон или 84% се собрани од домаќинствата, а останатите 16% од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е мешаниот комунален отпад – 553.126 тони или 86,5 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1.106 тони или 0,2 % од вкупното количество собран комунален отпад.

Лани се собрани и 34.757 тони органски отпад, 15.500 тони отпад од пластика, 10.217 тони хартија како отпад и 1. 879 тони метален отпад.

1. Количество собран и создаден комунален отпад, по региони 2025 година
Собран комунален отпад Создаден комунален отпад
Република Северна Македонија 639 668 755 789
Вардарски 64 074 69 867
Источен 95 996 101 537
Југозападен 62 363 106 936
Југоисточен 66 537 76 942
Пелагониски 70 125 83 450
Полошки 59 890 68 217
Североисточен 41 730 67 063
Скопски 178 953 181 778
Поврзани содржини